Шише полно со живот

Како основен елемент во животот, водата има суштинско значење за здравјето на луѓето. Во нормални услови, мажот на просечна возраст губи од 2,5 до 3 литри вода. Таа вода мора да се компензира. Човекот може да преживее 40 дена без храна, но не може да преживее повеќе од 2 до 3 дена без вода. Поради тоа, потребно е редовно да пиете вода - дури и кога не чувствувате жед.

Водата која содржи бикарбонати е особено корисна за апсорпција и варење на храната во желудникот и позитивно влијае на функцијата на црниот дроб. Покрај тоа што се различни по својот состав, минералните води имаат и различен вкус. Добра Вода им гарантира природен и висококвалитетен производ на своите потрошувачи, препознатлив по уникатниот лесен и освежителен вкус поради совршениот баланс на минералите.

Добра Вода е идеално решение за одржување на потребниот дневен внес на вода и минерали во вашето тело!

Почувствувајте ја исконската вредност на недопрената природа со шише Добра Вода, во секое време и секаде и уживајте во нејзиниот уникатен вкус и свежина и квалитет кој ќе забележувате веднаш штом ќе ја испиете првата голтка.

Природната минерална вода Добра вода на пазарот е присутна во неповратно ПЕТ пакување од: 1,5L, 0,5L и 0 33L и во стаклени шишиња од 0,25 L.