Награди и сертификати

Гаранција за беспрекорниот квалитет на Добра Вода, се секојдневните анализи кои што се  прават во лабораторијата на фабриката за полнење. Дополнително, мостри за анализа редовно се испраќаат на контрола во Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија.

Во 2008 година, Добра Вода доби HACCP сертификат, во 2014, ISO 22000:2005 сертификат, а во 2020 година, ISO 22000:2018, од светски познатато тело за сертификати SGS.  

Уште една потврда за врвниот квалитет на Добра вода се освоените награди во категоријата пакувани газирани води на најголемиот светски настан за дегустација на вода од натпреварувачки карактер во Беркли Спрингс Западна Вирџинија, САД, во конкуренција на светски познати брендови на вода.

 



 


 

Според оценката на меѓународното стручно жири составено од професионални дегустатори, согласно насоките слични на оние за дегустација на вино, во 2006 година Добра Вода го освои сребрениот, а во 2010 година златниот медал.