Извор и Фабрика

Извор и фабрика

Природата на селото Вак'в, Кратовско му подарила кристално чист извор со минерална вода која има исклучително висок квалитет и ги задоволува сите светски стандарди. Се претпоставува дека со векови населението на кратовското село уживало во благодетите на овој извор.

Природна, чиста и освежувачка, минералната вода Dobra Voda се полни директно од самиот извор и така целосно недопрена од човекот претставува вистински избор за вас секаде и во секое време.

Изворот именуван како Тополовиќ е лоциран во чиста еколошка средина, на падините на Осоговските планини и претставува дел од еден од најголемите геотермални системи во Република Македонија - геотермалниот систем Здравевци, Кратовско.

Dobra Voda се полни од 503 метри длабочина и на површината излегува со температура од 52 0C. И покрај беспрекорно чистата околина, на самата локација дополнително се преземени сите неопходни мерки кои оневозможуваат загадување и нарушување на квалитетот на водата.

Од изворот до шишето водата минува низ затворен систем, заштитена од сите надворешни влијанија. На самиот извор се врши првата фаза од механичкото филтрирање на природната минерална вода со помош на софистицирани автоматски механички филтри.

Транспортот на водата од изворот до фабриката во с. Вак'в се одвива низ вкопан и заштитен полиетиленски цевковод.

Втората фаза на механичка филтрација се одвива во самата фабрика за полнење, која во 2009 година беше целосно модернизирана и автоматизирана.

Празната ПЕТ амбалажа се произведува на автоматизирана машина за дување шишиња, која ги задоволува сите светски стандарди за хигиенско производство на ПЕТ амбалажа.

Процесот на полнење на Dobra Voda во ПЕТ и во неповратна стаклена амбалажа се одвива во високохигиенски услови и во согласност со правилата за добра производствена пракса, на линија со капацитет од 12.000 литри на час.

Пред секое полнење линијата се пере и дезинфицира со повеќестепена санитација, со помош на затворен автоматски систем за перење.

Пакуваната вода се дистрибуира во продажните и угостителски објекти со сопствен возен парк. Строго контролираните услови на транспорт претставуваат уште еден важен сегмент во настојувањето Dobra Voda да се донесе до потрошувачот непроменета, каква што е на самиот извор.