Награди и сертификати

Гаранција за беспрекорната чистота и квалитет на Dobra Voda се секојдневните анализи во погонската лабораторија на фабриката за полнење. Покрај тоа, редовно се испраќаат и примероци за контрола во Институтот за јавно здравје на Република Македонија, што ја прави Dobra Voda една од најпреферираните води во многу реномирани институции во земјава.

Во 2008 година, Dobra Voda го доби HACCP сертификатот, а во 2014 година го доби ISO 22000:2005 сертификатот од светски познатото сертификационо тело SGS. 

 

Уште една потврда за уникатниот вкус и врвниот квалитет на Dobra Voda се и освоените награди во категоријата на пакувани газирани води на најголемата светска дегустација на води од натпреварувачки карактер во Berkeley Springs West Virginia, САД во конкуренција на светски познати брендови вода.

Награди

По оценка на меѓународното стручно жири составено од професионални дегустатори, во согласност со упатствата слични на тие за дегустација на виното, во 2006 година Dobra Voda е добитник на сребрен медал, а во 2010 година на златен медал.

   

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Нашата организација МАГРОНИ ДОО се определува во целост да ја спроведува ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ, БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, која е рамка за воспоставување на дефинираните цели за квалитет, безбедност на храна и за животна средина, усогласена со контекстот на МАГРОНИ ДОО, чиишто принципи се:

1. Создавање деловен систем за квалитет, систем за безбедност на храна и систем за управување на животната средина, силно поддржуван од врвниот менаџмент и ориентиран кон купувачите, со цел зголемување на нивната доверба;

2. Доставување квалитетен и безбеден производ во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија до ценетиот купувач, како и заштита на животната средина;

3. Ориентирање и приспособување на пазарот, со цел зголемено учество во него;

4. Создавање коректни односи со снабдувачите заради снабдување со квалитетни и безбедни репроматеријали и заштита на животната средина;

5. Идентификување и управување на сите ризици што можат да предизвикаат губење работа и купувачи и намалување на добивката, како и загадување на животната средина и сè што влијае неповолно на работењето на МАГРОНИ;

6. Континуирано зголемување на компетентноста на сите вработени што се овластени да работат во рамките на својата дефинирана одговорност;

7. Исполнување на потребите на своите вработени и водење грижа за животната средина.

МАГРОНИ ДОО се обврзува:

1. Континуирано да го одржува и унапредува интегрираниот систем за управување квалитет, безбедност на храна и животна средина во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015; ISO 22000:2018; HACCP; ISO 14001:2015, во насока на секогаш задоволни купувачи;

2. Да демонстрира лидерство, да одржува високо ниво на свесност и силно да ги поддржува развојните компетенции на вработените на сите нивоа, за одржување на квалитетот и на безбедноста на храната, како и за превенција од загадување на животната средина;

3. Да ги подобрува условите за работа, опремата и знаењето на вработените, како и условите за заштита на животната средина .

Датум - 1. 11. 2018 година

Управител - Кире Ивановски